gas-pump-red
0
Бензински пумпи

ГОДИНИ

29-godini-icon-notext
0
Години традиција
happy-customer
+ 0
Задоволни потрошувачи
medal
0
место во „Најголеми Компании“

ИСТОРИЈА

Друштвото за производство и трговија на големо и мало, увоз-извоз Детоил ДОО Куманово е основано на 26.07.1993 со основна дејност за трговија на мало со нафтени деривати . Компанијата започнува како фамилијарен бизнис основан од татко и двајца синови и оваа сопственичката структура не е сменета до ден денес. Првиот управител Грозде Каранфиловски во 2008 година заминува во пензија, а на негово место е назначен неговиот помлад син Дејан Каранфиловски.

Во 1994 година започнува со работа првата бензинска пумпа во општина Старо Нагоричане. Се простира на површина од 3000 м2 и е со капацитет на резервоарите од 300м3. Во рамките на бензинската се наоѓа маркет, каде може да се снабдите со широка палета на моторни масла и производи за широка потрошувачка.
Втората бензинска пумпа, лоцирана на автопат делница Табановце-Куманово стационажа 6,8км десно, започнува со работа во 1997 година. Во кругот на пумпата се наоѓа и административната зграда на компанијата ДЕТОИЛ. Бензинската се простира на површина од 12500м2 и е со капацитет на резервоари од 300м3. На овој простор има изградено и паркинг за товарни возила. Со текот на времето површината од 12500м2 се зголемува на 58000м2 и во 2008 година дел од просторот е издаден за Царински терминал, што и денес функционира. Истата година во рамките на бензинската е отворен ресторанот Фреш со површина од 200м2 затворен простор и 50 м2 отворен простор за разонода. Капацитетот на овој ресторан е со 62 места внатре и 34 места во отворениот простор.
Во 2005 година се отвара третата бензинска станица во населба Вера Которка (регионален пат Куманово-Свети Николе од лева страна) каде, за разлика од другите две бензински станици, се нуди и течен нафтен гас. Бензинската се простира на површина од 8000 м2 со капацитет на резервоарите од 150м3 за течни деривати и 25м3 за течен нафтен гас. Во рамките на бензинската пумпа се наоѓа модерно бифе во кое се нудат бели пецива, безалкохолни и алкохолни пијалоци.

Во 2011 година е отворена четвртата бензинска пумпа, лоцирана на ул. Перо Наков 108 а, во Скопје, веднаш до маркетот – Супер Тинекс. На градежната парцела од 5000 м2, покрај бензинската пумпа е изграден и административно-деловен објект со површина од 1400 м2 во основа, односно со вкупна нето корисна површина од околу 5000 м2. Капацитетот на резервоарите изнесува 120м3 за течни деривати и 25м3 за течен нафтен гас. Составен дел на ова бензинска станица е маркетот со широк асортиман на производи и ресторанот Фреш со капацитет од 34 места внатре и околу 30 места во отворениот простор.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

ПАРТНЕРИ