Најново од компанијата Детоил е новоотворената бензинска станица во Скопје на улица Перо Наков 108 б веднаш до маркетот – Супер Тинекс. Станува збор за исклучително модерна бензинска станица на која се нудат сите нафтени деривати, вклучувајќи го и ТНГ.

Бензинската располага со маркет во кој што може да се снабдите со артикли за широка потрошувачка и со разни потреби за вашето возило.

Во рамките на бензинската станица се наоѓа ресторанот Фреш каде секогаш се нуди свежо приготвена храна, богато мени , бели пецива, алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Повелете посетете не и уверете се во врвната услуга и квалитетот на продуктите што ги нудиме.