+389 31 475 600

info@detoil.com.mk

ЕУРОСУПЕР-95 БС
73.50
ден/л.
ЕУРОСУПЕР-98 БС
75.00
ден/л.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
67.00
ден/л.
Течен нафтен гас (ТНГ)
33.50
ден/л.

Кариера

Структура на компанијата

Почитувани,

Добредојдовте на нашата страница за онлајн-пријавување за работно место во ДЕТОИЛ. Доколку има АКТИВНИ огласи за кои сакате да аплицирате, кликнете на полето аплицирај и пополнете ја апликативната форма.

Доколку нема активни огласи сепак можете да аплицирате со пополнување на апликативната форма и назначување за која позиција сте заинтересирани, со тоа влегувате во нашата база на апликанти и тимот на човечки ресурси ќе Ве контактира кога ќе се јави потреба од таков кадар.

Тимот на ДЕТОИЛ е динамичен, иновативен, креативен и брзо растечки. Се стремиме кон следење на светските трендови и практики во работењето па со тоа Ве охрабруваме и Вас доколку сметате дека можете да придонесете кон нашиот раст и развој и да се реализирате себеси како професионалец да аплицирате за работа во нашата компанија.

Ви нудиме одлично работно опкружување, можност за постојан развој и професионално усовршување, поттик да бидете подобри, иновативни и истрајни во мисијата да се реализирате себе си и својот потенцијал.

Политики на вработување

Тимот на човечки ресурси на ДЕТОИЛ

ДЕТОИЛ е компанија со традиција во која е вложено многу љубов, работа, посветеност и пожртвуваност од целиот тим. Нашата цел е да учиме и напредуваме заедно градејќи бренд и корпоративна припадност преку енергија, знаење, вештини, посветеност на деловни активности и чесна работа.

Сакаме да учиме од најдобрите, да користиме современи и модерни методи на работа, да ангажираме лојални, посветени и динамични работници кои ќе растат и созреваат заедно со нас.

Сите заедно да не поврзува желбата за деловен успех и постојан развој функционирајќи како семејство но, градејќи дух на претприемништво преку пронаоѓање на оптимални решенија во работењето.

Ваквата организациска култура и општествена одговорност се нашите одлики.

Соња Алексиќ, МЧР

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА РАБОТА

Чекори за да се вработите:

1. Пријава за работа

Пријавата за работа може да се прати на следните начини:
- со пополнување на електронската апликација на сајтот на ДЕТОИЛ;
- преку е-пошта на адресата vrabotuvanje@detoil.com.mk;

Вашата пријава за работа ја сместуваме во нашиот регистер на пријави.

2. Избор на кандидати од пристигнатите пријави

Менаџерот на Човечки ресурси ги проверува внимателно сите пристигнати пријави за работа. Врз основа на пријавите и Вашите CV-а, менаџерот ги одбира 10-те најсоодветни кандидати за бараната позиција

3. Прво интервју

Ве контактираме за да закажеме прво интервју кои ќе се одржи помеѓу апликантот, Менаџерот за човечки ресурси и Раководителот на Сектор/Одделение за каде што аплицирате. Врз основа на спроведеното прво интервју се прави потесна селекција и избор на 3-ца најсоодветни кандидати кои продолжуваат на второ интервју.

4. Второ Интервју

Ве контактираме за да закажеме второ интервју кое ќе се одржи со генералниот менаџер, по потреба за определени позиции можат да бидат организирани и тестирања, за проверка на бараното знаење.

5. Почеток со работа

Ако сте избрани да почнете со работа, ве известуваме и договараме кога да почнете со работа Ви се доделува колега кој ќе Ви помага да се вклопите и Вашата работа почнува (пријавени сте на шест месеци, ова е Ваш прв почетен договор).

II. КАКВИ ЛУЃЕ НИ ТРЕБААТ

Сите оние кои се препознаваат во нашата визија, мисија и цели и се:
- Позитивни;
- Самокритични;
- Брзи и експедитивни;
- Енергични;
- Способни за конструктивно разговарање за проблемите и конфликтите;
- Способни да дадете предлог решение за некој проблем во работењето;
- Иновативни;
- Креативни;
- Да не правите иста грешка повеќе од два пати;
- Да бидете спремни да превземете иницијатива;
- Да имате професионален пристап кон работните обврски;
- Почитувајте договорени рокови на завршување на работни обврски;
- По природа да немате одбивност или мрзливост кон континуирано учење;

Активни огласи

Се извинуваме. Во овој момент немаме достапни огласи.

Сепак, можете да аплицирате со пополнување на апликативната форма и назначување за која позиција сте заинтересирани, со тоа влегувате во нашата база на апликанти и тимот на човечки ресурси ќе Ве контактира кога ќе се јави потреба од таков кадар.

Top